СДСМ: Папагализмот на Михаилов во ќороскак

Од:

СДСМ излезе со писмена реакција на пресот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид.

„Душегрижникот на Охрид, делчевчанецот Атанаско Михаилов, кој само од нему познати причини, сеуште ја врши функцијата претседател на ОК на ДПМНЕ-Охрид, (зошто членството не го сака ), по кој знае кој пат, на денешната прес конференција рафално ( папагалски ) изрече низа клевети и невистини за претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски и градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, повикувајќи ги притоа да се сликаат пред фабриките во Охрид. Бидејќи господинот Атанаско е дојденец во Охрид и не ги знае состојбите со фабриките, или прочитал само текст кој му е испратен од Центарот за лаги и манипулации на ДПМНЕ од Скопје, да му кажеме дека посоодветна ќе биде фотографијата на која треба да се слика неговиот шеф Никола Груевски“, стои во соопштението.

СДСМ укажува дека фабриките во Охрид се затворени во периодот од 1998 до 2002 година, кога Груевски во владата на ДПМНЕ беше министер за трговија, а потоа и за финансии. Во тој период кога Груевски го потпиша Фесал аранжманот и на улица со еден негов потпис останаа 35.000 работници. Се продадоа: Емо со познатата афера на Даравелски; Трудбеник за само 250.000 тогашни марки а со основни средства и залиха на репроматеријали во износ од 3 милиони евра; Братство, со дисконт од 80%; Езерка исто така со дисконт, па се распродаде на делови; продажбата на Отекс е посебна приказна , велат од СДСМ.

„Господине Михаилов, со кое право барате одговори од Бранко Црвенковски и Александар Петрески, кога Вашата партија како уништувач на Охридското стопанство, а со тоа и на носечката гранка – туризмот, досега не положила сметка пред граѓаните на Охрид. Вашиот премиер, е должен на охриѓани да им објасни зошто како централна власт го опструира Охрид, без никакви инвестиции и инфраструктурни зафати. На Петрески и СДСМ им оставивте само долгови и тоа не мали – 12 милиони евра, како резултат на ,, успешното ,, работење на градоначалниците од ДПМНЕ. Се што е направено во овој град, е направено од СДСМ и Александар Петрески. Каде е ветениот автопат Гостивар – Охрид, или и него ако не го направеше СДСМ, во Охрид Груевски ќе доаѓаше со хеликоптер, зошто и патот Охрид – Ресен не е направен, а е руиниран како по него да поминувале тенкови, дупка до дупка? Оваа власт на Груевски не го направи нити патот Косел – Свети Наум. Има уште многу други работи кои наместо ова влада, ќе ги реализира владата на СДСМ кога за брзо време ќе дојде на власт“, стои во рекцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Починале 20 бебиња за 6 месеци – СДСМ бара оставка од Таравари

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Груби навреме добил дојава од внатре, од самото МВР со кое управува Тошковски

ВМРО-ДПМНЕ: Проблеми во енергетскиот сектор се последица на криминалното работење на СДС и ДУИ

СДСМ: РЕК Битола не работи и не произведува струја

СДСМ: Додека скопјани се гушат ДПМНЕ не прифати ниту еден амандман против загадувањето

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Фани се левиот и десниот џеб на Заев