СДСМ: Паника во ВМРО-ДПМНЕ, штанцаат лаги и бранат сомнителни лица за кои се водат постапки за измама

Од:

Паниката во ВМРО-ДПМНЕ од извесниот изборен пораз предизвикува хистерични реакции врз база на измислици, штанцаат лаги на дневна основа кои немаат врска со реалноста, реагираат од СДСМ на прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Она што беше кажано на денешната прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ е целосна лага.

Ништо од тоа што го говори ВМРО-ДПМНЕ не е точно. Ниту имало некакви средби, ниту имало некакви барања, ниту пак општината на некого му го обезвреднувала имотот.

Сепак, ги охрабруваме институциите да ги истражат овие невистини и на тој начин да ја потврдат вистината, дека ВМРО-ДПМНЕ е една манипулаторска партија која своето делување го сведе на пласирање лаги.

Она што јавноста треба да го знае е дека за лицето зад кое ВМРО-ДПМНЕ застанува се водат неколку судски постапки за измама и незаконско однесување.

Очекуваме разрешница на постапките за јавноста да ги дознае сите инфромации за кого навистина станува збор.

Во недостиг на идеи и програми, ВМРО-ДПМНЕ со ваква криминална понуда на невистини може да очекува смо пораз на изборите на 12 април.“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Кога веќе следите, зошто не објавите фотографии од Дубаи?

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Свиркач открива шема за пумпање пари во Пошта – 300.000 евра секоја година

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да објасни како ги стекнал средствата за златна виза во Дубаи

СДСМ: За колку тендери ЗНАМ ја продава Македонија?

(ВИДЕО) СДСМ: Нова бомба – тендер од 1,2 милиони евра за фирма без работници блиска до ЗНАМ

А1он

СДСМ: Нема да нè замолчите, обидите за уривање на СДСМ одвнатре ќе бидат спречени

А1он