СДСМ: Пак хаварија во РЕК, пак ќе плаќаат граѓаните?

Од:

„Колабираше повторно еден блок од РЕК Битола.

Вториот блок во РЕК Битола не работи поради дефект и хаварија со цевките.

Само пред 10-тина дена блок 1 на енергетскиот комбинат не работеше.

Само пред нецели две години наводно се модернизираше котелот во блок 2 и беа променети цевките за што платија граѓаните.

Власта потроши над 50 милиони евра пари на граѓаните за модернизација на целиот комбинат.

Но дефектите не престануваат.

Секој дефект значи прекин на работа на некој од блоковите, загрозено домашното производство на електрична енергија и увоз на скапа струја.

Новите испади во РЕК покажуваат дека и годинава граѓаните тројно ќе плаќаат. Освен што платија милиони евра за наводната мореднизација на РЕК, освен што плаќаат за дефектите што не престануваат, и понатаму ќе плаќаат скапа увезена струја.

Увозот на струја во државата во време на владеењето на Никола Груевски достигна рекордни над 40 проценти.

Затоа граѓаните и плаќаат толку високи сметки за струја.

Осиромашените граѓани ги плаќаат хавариите на енергетските политики на Груевски и неговите соработници.

Но, Груевски и неговите соработници не ги интересираат интересите на граѓаните туку тендери и нивните бизниси.

Слушнавме во проектот Вистината за Македонија како Груевски заедно со директорот на РЕК Битола, Чинговски се вмешани во местења тендери за ископ на јаглен.

На граѓаните им е потребен стабилен енергетски систем, којшто ќе гарантира стабилно производство на електрична енергија и домашна поефтина струја.

Затоа, како што најавивме во програмата, СДСМ ќе ја врати ефтината тарифа на струјата што ја укина Груевски.

Ќе поттикнеме и поддржиме развој на домашните енергетски капацитети. Со тоа ќе обезбедиме зголемување на домашното производство на струја коешто ќе донесе и пониска цена за струјата“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел