СДСМ пак го праша Груевски за „милијардата на Мијалков“

Од:

Нема поголема дрскост, безобразлук и понижување на граѓаните од поставувањето на првите братучеди и кумот за контролори и трошачи на парите на граѓаните. Во поновата политичка историја на Европа, ваков случај на непотизам не е забележан, е реакцијата на СДСМ на соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ, за фирмите на Заеви ги вади истите документи со години наназад, пред секој изборен циклус. Господине Груевски, дали Вашиот братучед, Сашо Мијалков заработил една милијарда евра на грбот на македонските граѓани? И, дали Вие, Мијалков и Ставрески сте мозокот на операцијата во којашто последниве 7 години се одлеани повеќе од 3,5 милијарди евра пари на граѓаните во непознат правец и во приватни џебови“, прашуваат социјалдемократите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски