СДСМ: Оваа власт не е влада за граѓаните – ова е власт што живее на грбот на народот

Од:

Владата на ДПМНЕ продолжува да го покажува својот вистински карактер – расипничка, алчна и целосно одлепена од реалноста. Додека илјадници семејства во Македонија едвај врзуваат крај со крај, додека платите не стигнуваат ни за основни намирници, владините функционери на Христијан Мицкоски се гоштеваат со луксузна храна за која обичниот граѓанин не може ни да сонува, тврдат од СДСМ.

„Папаја, манго и аспарагус очигледно не биле доволни. На нивната трпеза сега стигнуваат лососи, ракчиња, октоподи, краби, бифтек… Милионски суми народни пари се трошат за ексклузивни деликатеси, додека работниците се борат да преживеат со мизерни плати. Ова е врв на лицемерието и безобразието. Оваа влада се закануваше дека нема пари за покачување на платите, но очигледно има за владините гозби. Истите тие кои пред неколку месеци тврдеа дека „грозје не пробале“, денес со државни пари нарачуваат луксузна храна достапна само за најбогатите. Оваа власт не е влада за граѓаните – ова е власт што живее на грбот на народот. Оваа држава не е приватен ресторан за Мицкоски и неговата елита. Владините функционери се најадени, но народот е гладен – и не само за храна, туку и за правда“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он

СДСМ: Сите молчат – овој гласен молк е најсилна потврда дека нарко скандалот води до врвот на Владата на Мицкоски

А1он

(ВИДЕО) Димитриевски: Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделите за огромни 40 милиони евра

СДСМ: Советник на Мицкоски за нов уставен судија – толку од независноста на судството

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски