СДСМ: Оваа година нов раст на минималната плата и повисоки пензии

Од:

„СДСМ и во новата 2023 година продолжува со успешните економски мерки и политики, со постојана грижа за македонската економија и македонските граѓани. Веќе во март месец, следува покачување на пензиите помеѓу шест и седум отсто за сите 330.000 пензионери“ соопштија од владејачката СДСМ.

Оттаму посочуваат дека „создадени се услови за ново зголемување на минималната плата за 10 отсто со што таа ќе изнесува безмалку 20.000 денари, што ќе придонесе за усогласување, односно раст на платите во сите сектори“.

„Во Буџетот за 2023 година, предвидени се 800 милиони евра за капитални инвестиции со што ќе се поттикне економскиот раст, кој според проценките на ЕБОР оваа година ќе биде околу 2,3 отсто. Активно се работи на привлекување нови странски директни инвестиции кои отвораат нови добро платени работни места, со што се намалува стапката на невработеност. Во новата 2023 година продолжува и поддршката за граѓаните за справување со последиците од кризата, за што во Буџетот се предвидени 250 милиони евра за нови антикризни мерки“ велат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Следите, а не објавуваве фотографии од Дубаи, затоа што ги нема

Политичка прозивка од ВМРО-ДПМНЕ: Нова година по дубајско време

ВМРО-ДПМНЕ: СДС од искуство знаат колку чини златна виза за Дубаи затоа веднаш ги погоди сумата, а да ги потсетиме и кој се веселеше на Харис

СДСМ: Ги поставија своите судии и почнаа со репресијата

Горан Наумовски

СДСМ: Обвинителството мора да постапи за спорниот тендер од 1,2 милиони евра

СДСМ поднесе пријава за новинарот Бранко Героски