• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Откочените процеси носат придобивки за Република Македонија

by А1он25/01/2018 - 16:4299
Share0

СДСМ со писмено соопштение реагира на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Добивај вести на вибер

„За разлика од политиките на поделби, изолација и создавање проблеми што ги промовираше ВМРО-ДПМНЕ во изминатите години, СДСМ, преку Владата што ја предводи,спроведува политики на соработка, пријателство и меѓусебно почитување коишто обезбедуваат унапредување на односите со соседите, зајакната регионална и меѓународна позиција на Република Македонија.

Откочените процеси, соопштени јавно по вчерашната средба на премиерите на Република Македонија, Зоран Заев и Република Грција, Алексис Ципрас, носат придобивки за Република Македонија и сите нејзини граѓани.

Преку јавни изјави, граѓаните, јавноста, беше точно и навремено информирана за овие придобивки за Република Македонија, како што е деблокадата на процесот на стабилизација и асоцијација на Македонија со ЕУ (блокиран во 2009 година), можноста за отворање на нов граничен премин со Република Грција, како и идно членство на Република Македонија во Јадранско-јонската иницијатива.
Со преминувањето во втората фаза на Спогодбата за асоцијација и стабилизација на Република Македонија со Европската унија се отвора и можноста за реализирање на клучните цели: приближување кон пристапните преговори, пристап до структурните и кохезивните фондови.

Македонија како членка на Јадранско-јонската иницијатива би добила можност да ја продлабочи билатералната соработка со другите членки, и дополнително, во уште еден регионален форум да ги афирмира своите позиции со што ќе ја подобри својата позиција во однос на приоритетите во меѓународната соработка и евро-атланската интеграција.

Дополнително, деблоката на овие процеси од страна на Република Грција за Република Македонија значи поголема поврзаност со ЕУ и значајна регионална соработка во областа на турзимот, енергетиката, сообраќајот и заштита на животната средина.

Оттука, јасно е дека не станува збор за никакви еднострани чекори туку за потврдени заложби и добра волја од двете страни за унапредување на односите, создавање позитивна клима и взаемен придонес кон создавање на можности за надминување на предизвиците во интерес на граѓаните од двете земји.

Владата предводена од СДСМ продолжува посветено да работи на унапредувањето на односите со сите соседи, создавање можности за затворање на отворените прашања во согласност со националните и државните интереси на Република Македонија, за исполнување на стратешката цел: полноправно членство во Европската Унија и НАТО, сигурна и стабилна иднина на нашата татковина“ се вели во соопштението на СДСМ.

sdsm

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Без силен член 353, тендерската коалиција ВМРО-ЗНАМ сака слободно да ги дели државните пари на свои фирми

А1он23/01/2026 - 14:52

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го смени Членот 353 со кој си се амнестираше од криминалот, сега бара негови измени

Горан Наумовски23/01/2026 - 12:38

(ВИДЕО) Кузеска: Владата на Мицкоски и ВМРО нема решенија ниту одговори на проблемите со кои секојдневно се соочуваат граѓаните

Горан Наумовски23/01/2026 - 12:1223/01/2026 - 12:13

СДСМ: Имотот стекнат со криминал мора да се конфискува без разлика кога е украден

Горан Наумовски23/01/2026 - 11:3723/01/2026 - 12:00

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски20/01/2026 - 09:0620/01/2026 - 09:07

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски19/01/2026 - 12:4519/01/2026 - 13:00
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен