СДСМ: Откако се покачија, Владата ги замрзна цените, тоа е нова манипулација

Од:

Последната одлука на Владата да се ограничат маржите е задоцнета, половична и со суштински недостатоци поради кои граѓаните нема да почувствуваат ефекти, велат од СДСМ.

– Замрзнувањето со ниво на цени од 1 февруари не е решение за скапотијата, затоа што податоците на Државниот завод за статистика укажуваат дека веќе во јануари има пораст на цените. Тоа значи дека Владата ги замрзна цените откако се покачија, што претставува нова манипулација.
Власта требаше да се врати наназад неколку месеци и како репер да ги земе тие цени, а не овие покачени цени. Дополнително, наместо да се ограничува маржата само на 102 групи на производи, треба да се опфатат сите 238 групи на производи. Владата на Мицкоски и ДПМНЕ освен што е неспособна да одговори на економските предизвици се покажува како слуга на големите бизнис интереси, наместо да се бори за доброто на граѓаните. СДСМ има конкретни законски решенија за стабилизација на цените и намалување на сметките за струја кои веќе се поднесени во македонското Собрание по итна постапка и власта треба да ги прифати: Намалување на ДДВ за струјата на 5% ќе донесе намалување на сметките за 13% веднаш и заштеда од 400 денари месечно во просек за граѓаните, Укинување на ДДВ за храна ќе доведе до поевтинување на над 250 категории и граѓаните месечно ќе заштедат до 2.000 денари месечно. Севкупната примена на сетот мерки на СДСМ и Законот за нефер трговски практики ќе доведе до намалување на цените за 30%, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски со владин авион на море – работниците на протест со празни џебови

Катерина Ѓуровски

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он

СДСМ: Сите молчат – овој гласен молк е најсилна потврда дека нарко скандалот води до врвот на Владата на Мицкоски

А1он