СДСМ: Оставка од Мицкоски, советникот на Груевски кога се правеле криминалите со Плацеви на Водно

Од:

„Христијан Мицкоски да поднесе оставка, откако пресудите за случајот „Плацеви на Водно“ уште еднаш потврдија дека ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија. Во предметот „Плацеви на Водно“, избеганиот Никола Груевски практично ја ограбил и ВМРО-ДПМНЕ. Парите ги перел со Белизе шеми и други криминални начини за да купи плацеви од 11 илјади метри квадратни за себе на Водно“, соопшти СДСМ.

„Шефот на Мицкоски, избеганиот криминалец Никола Груевски, е осуден на 7 години затвор, незаконски стеканиот имот му е конфискуван.

А Мицкоски, кој во периодот кога се правеле криминалите со плацевите на Водно бил советник на Груевски, а потоа и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, молчи.

Ниту Мицкоски, ниту неговата партија не се оградија од криминалот, не им се извинија на граѓаните, не побараа одговорност.

Единствената политичка агенда на Христијан Мицкоски сите овие години е како да ја кочи правдата, државата, за го одбрани криминалот на Никола Груевски.

После сето ова, после овие пресуди и признанија за криминал од енормни размери, Христијан Мицкоски треба да си поднесе оставка.

Криминалите на ВМРО-ДПМНЕ повлекуваат и политичка одговорност, политичари кои бранат криминал не може да добијат доверба од граѓаните“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?