СДСМ: Останува нејасно како „Република“ стекнала приходи од над 1,1 милион евра?

Од:

„Официјалните документи на Централен регистар потврдуваат дека неделникот „Република“  во сопственост на фирмата ПРВА РЕПУБЛИКА ДООЕЛ, остварил приходи во висина од 1,1 милиони евра за период од три години.

Во 2012 година, приходите на „Република“ биле околу 150 илјади евра, во 2013 приходите се зголемиле на околу 610 илјади евра, за во 2014 година приходите да изнесуваат 409 илјади евра. Вкупната сума, само за овие три години изнесува над 1,1 милион евра!

Приходи Република

Како „Република“ остварила приход од над 1,1 милиони евра? Дали и „Република“ ќе молчи по ова прашање како и „Курир“? Молкот за овие големи приходи создаваат сериозен сомнеж!

Ако се има во предвид дека приходот на „Курир“ изнесува 1,3 милиони евра тогаш само овие два провладини медиуми оствариле приход од над 2,4 милиони евра!

1.3 milioni evra prihodi Kurir

Транспарентноста, објективноста и неселективноста се клучни професионални и етички новинарски стандарди. Граѓаните и јавноста очекуваат одговори како „Република“ се стекнала со приходи од 1,1 милиони евра“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе закон: двојно државјанство да немаат ниту министрите во Владата и да важи веднаш

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа