СДСМ останува на последниот предлог

Од:

СДСМ во одговорот на реакцијата од ВМРО – ДПМНЕ на прес – конференцијата на Бранко Црвенковски се заблагодаруваат за понудата и потсетуваат дека „нивниот последен конструктивен предлог е ако на локалните избори, советничките листи на здружената опозиција Сојуз за иднината освои барем еден глас повеќе од листите на коалицијата околу ВМРО-ДПМНЕ, тогаш да има предвремени парламентарни избори кои ќе се одржат на 29-ти септември“.

Според СДСМ, тоа е предлог кој е повеќе од фер.

Бидејќи Никола Груевски постојано тврди дека е сигурен победник на престојните локални избори, никој не може да најде логично оправдување зошто упорно избегнува да се соочи со волјата на граѓаните, а со тоа свесно инвестира во драматично продлабочување на политичката криза со крајно штетни последици за земјата, кои неминовно ќе одат исклучиво на негов товар, се наведува во соопштението од СДСМ.

Претседателот на СДСМ, се посочува, денеска упати пораки на сериозна загриженост за актуелните состојби, која ја споделуваат сите наши граѓани.

Сојузот за иднината нема намера да тера инает и токму затоа предложи разумен план за излез од кризата, се вели во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски