СДСМ: Осми ден „Курир“ молчи како се финансира

Од:

„Осми ден „Курир” крие кој и на каков начин го финансира. Професионалните и етички новинарски стандарди за транспаретно, непристрасно и одговорно работење.

Јавноста дозна за приходите од 1.3 милиони евра за фирмата ЕМ МЕДИА ДОО Скопје, сопственик на “Курир”.

Поврзаноста на фирмата ЕМ МЕДИА ДОО Скопје, фирмата сопственик на“Курир”, со братучедот на Груевски, Сашо Мијалков, преку фирмата НВСП, открива сериозни сомнежи.

Сопственик на НВСП е Владислав Стајковиќ. Оваа фирма покрај сопственик на радиото Слободна Македонија сопственик е и на К Три телевизија ДООЕЛ Куманово.

Граѓаните дознаа дека истата оваа фирма, НВСП е основач на агенцијата за обезбедување СГС, зад којашто лично стои братучедот на премиерот во заминување, Сашо Мијалков.

Владислав Стајковиќ освен до Мијалков е близок и до Жарко Луковски, главен и извршен директор на Т-мобиле Македонија и воедно кумашин на братучедот на Груевски, Сашо Мијалков.

Вистината за Македонија откри дека НВСП, фирмата  на Стајковиќ е дел од провизијата од 540 илјади евра што Мијалков ја бара за набавување на опрема за прислушување од Израел.

Што крие „Курир“? Наместо молк и креирање виртуелни вести коишто немаат апсолутно никаква поврзаност со реалноста, јавноста очекува одговори на прашањата кој и на каков начин го финансира “Курир”, се вели во соопшетението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски