СДСМ: Орце собира тим од луѓе осудени за корупција и примање поткуп

Од:

Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, јавно се пофали дека во неговиот изборен тим се вбројува и Гоце Станковски, човек осуден за примање поткуп од 9.000 евра. За тој случај, Станковски доби и затворска казна, велат од СДСМ.

Од партијата сметаа дека „Ова не е само скандал, не е само јасна порака какви луѓе Орце собира околу себе, туку какви вредности застапува и како планира да работи, со корупција, поткуп и криминал“.

„Јавноста знае дека Орце застана целосно зад криминалните дивоградби во Чаир и нивниот коалициски партнер Изет Меџити. Тој е олицетворение на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, на бизнис интересите на елитата која го гази интересот на граѓаните секој ден. Скопјани треба да знаат: глас за Орце е глас за корупцијата, за урбанистичкиот хаос и за криминалниот модел на ВМРО-ДПМНЕ“ е ставот на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите – сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он

(ВИДЕО) Наумоски: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте – одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!