СДСМ: Општина Прилеп потврди дека Пела Транс работи без тендер и договор

Од:

Локалната самоуправа на Општина Прилеп, потврди дека фирмата ПЕЛА ТРАНС, работи без потпишан договор со општината и без законски спроведен тендер за сезона 2014/15 година!, реагира Општинската организација (ОО) на СДСМ во Прилеп, после демантот од Општина Прилеп на претходно изнесените прашања и обвинувања.

Опозицијата во Прилеп вели дека и локалната самоуправа потврдила дека чистењето на улиците од снег е доделено на близок роднина на министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

„Општина Прилеп потврди дека одржувањето на улиците во зимски услови е доверено на фирма, чиј директор, како што е објавивме е близок роднина на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески! Од општината само не кажаа дали роднинските врски помеѓу министерот Јанакиески и фамилијата Синадиноски, се причината поради којашто токму оваа фирма, неколку години по ред го добива тендерот за чистење на улиците. Овие законски прекршувања, во која било демократска земја ќе беа веднаш предмет на истрага на надлежните институции“, порачува ОО на СДСМ Прилеп.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?