СДСМ: Опозицијата е цврсто определена да ги открие сите неразумни трошења пари и криминалите на власта

Од:

„До каде одат апсурдите на владеењето на Никола Груевски, покажува потегот на неговиот коалициски партнер во општината Карпош, Стевчо Јакимовски.

За прес конференциите на СДСМ дека Јакимовски, со фирма блиска до власта на Груевски договорил тендери тешки околу 120.000 евра за набавка на спортски гаќи, за што постојат официјални документи на страницата на Бирото за јавни набавки, поднесени се три тужби. Од координаторката на советничката група на СДСМ и на коалициските партнери, Магдалена Несторовска, се бара оштета од 80.000 евра.

Една од тужбите е од градоначалникот на општината Карпош, кој се жали дека Несторовска, со прес конференциите за набавката на спортските гаќи, му ги нарушила угледот и честа на Стевчо Јакимовски. Јакимовски тврди дека поради пресовите за спортските гаќи, партијата ГРОМ на Јакимовски изгубила на изборите во Карпош?! За тоа Јакимовски прво ја проценил штетата во 50 илјади евра, а потоа дополнително се  пресметал и бара оштета од 30.000 евра.

Другите две тужби се од фирмата од којашто е набавена спортската опрема, за што постојат официјални документи – договори, а третата е од самата општина Карпош, со којашто Јакимовски решил да се идентификува.

Очигледно е дека Стевчо Јакимовски, кој жестоко го критикуваше Никола Груевски за недемократско и режимско владеење кога беше во опозиција, сега, откако стана негов коалициски партнер во општината Карпош се реши да ги користи истите обиди на замолчување.

СДСМ порачува и на Јакимовски и на неговиот партнер Груевски, дека опозицијата е цврсто определена да ги открие сите неразумни трошења пари на граѓаните како и криминалите на власта и тоа нивните тужби не можат да го спречат“, се вели во соопштението на СДСМ.

 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Милионските вмровски шеми во Еразмус+ мора да бидат расчистени и да следи одговорност

(ВИДЕО) Манасков: СДСМ со нови детали за скандалот со директорката – Кој стои зад вмровските шеми во Еразмус+?

(ВИДЕО) Јанковиќ: Нов скандал во Националната агенција Еразмус, Ана Михајлов осомничена од ОЛАФ назначена за в.д директорка?

(ВИДЕО) Битиќи: Срам за Владата, работниците и пензионери не се виновни за поскапувањата

Горан Наумовски

СДСМ: Се партизира секоја позиција, па дури и личните асистенти за децата со посебни потреби

СДСМ: Обвинителство да поведе кривична постапка за началникот Роберт Мартиноски и да ја прошири истрагата