Вода тече од сите страни во охридското училиште „Григор Прличев“

Од:

Недоправената училишна зграда на ОУ Григор Прличев во Охрид претставува реална закана кон безбедноста и здравјето на учениците. Поради неодговорното работење на локалната власт, зградата на училиштето е нецелосно покриена и дел од училниците прокапуваат. Недозовливо е нашите деца да учат во мувлосани и влажни простории, пишува во соопштението на СДСМ Охрид.

-Наместо да се зафати со решавање на овој проблем, локалната власт предводена од верниот послушник на Никола Груевски, Никола Бакрачески, преку своите советници во Општината троши пари за експропријација на земјиште во приватна сопственост, а потоа планира да земе дополнителен кредит за да направи пешачка патека до дискотеката во Хотел Парк, велат од СДСМ Охрид

Според нив наместо да се направи санација на зградата на ОУ Григор Прличев кое е со блокирана сметка, локалната власт одбрала да троши на луксуз и неприоритетни прокети.

Од ОО СДСМ Охрид апелираат на итна и целосна санација на училишната зграда и истовремено бара да се преиспитаат ваквите одлуки. наместо за луксузни проекти, парите да се пренасочат кон решавање на вистинските проблеми.

Би можело да ве интересира

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Корупцијата цвета, Македонија е на ниво на Буркина Фасо и Танзанија

А1он

СДСМ: ДЕА доставила податоци до македонското и српското обвинителство за скандалот со пет тони дрога

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Со денови нема одговор како 5 тони дрога поминаа преку македонската граница, нема приведени, нема осомничени

Горан Наумовски

СДСМ: Реформи во ВМРО, наместо нови лица – стара банда