СДСМ: Охрид крева глас

Од:

„Охрид крева глас“, под ова мото вечерва СДСМ ќе одржи протестно-промотивен митинг.

„Република Македонија се соочува со катастрофални состојби во буквално сите сфери од општественото живеење. Стандардот на граѓаните од ден во ден се повеќе оди надолу. Невработеноста и сиромаштијата се на рекордно високо ново, стопанството се гуши во неликвидност, индустриското производство опаѓа, бројот на фирми со блокирани сметки станува се поголем“, велат СДСМ во соопштението.

„Крени глас за иднината“ ги собра граѓаните на Струмица, Велес, Штип, Куманово, Прилеп, Крива Паланка, Богданци и Неготино да ги наполнат плоштадите и да го кренат својот глас, посоќува опозициската партија. Велат, сликите вредат милион зборови. Јавноста виде оти народот нè поддржува, смета опозицијата.

Иако се соочуваат со притисоци, заканувања и уцени, граѓаните масовно се приклучија кон овој проект, со што дојдовме до одлични предлози и решенија и затоа слободно можеме да констатираме дека Македонија навистина ова лето крева глас. Преку предлозите кои ќе ги добиемe од граѓаните, понудените решенија кои граѓаните ќе ги одобрат, преку нивните забелешки ќе се исцрта програмата на СДСМ за наредните локални избори.

СДСМ ги повикува сите на митингот на кој ќе биде претставен Александар Петрески за кандидат на СДСМ за градоначалник на Охрид.

 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните не се чуствуваат безбедни, Тошковски мора да си оди

Петрушевски: Пожарите околу Скопје беа органзирана акција

СДСМ: Цела јавност го осуди насилството над Арсовска, само Мицкоски ги поддржува насилниците

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Тошковски да си оди веднаш, тој е заштитник на мафијата

А1он

Филипче бара расчистување на случајот со нападот врз Арсовска и казнување на сторителите

Кузеска: СДСМ најостро го осудува нападот, владата да престане да ја заштитува мафијата

Предраг Петровиќ