СДСМ Охрид: Го повикуваме штабот, одговараат директорите

Од:

И директорите на институциите во Охрид ги внесуваат во предизборната кампања. Иако ние упатуваме прозивки до изборниот штаб на политичкиот противник, тие ги изведуваат директорит, што е непобитен доказ за преголемата политизираност, реагираше денеска изборниот штаб на Сојузот за иднината од Охрид.

Последниот прес кој се однесуваше на културното наследсво и библиотеката во Охрид, како што забележавте предизвика бурни реакции. Нормално, тоа е цел на секоја прес конференција кога се наоѓате во предизборие. Најголемото разочарување е тоа што, место на партиски пресови да одговараат креаторите и одгворните за ваквата политика, односно ВМРО-ДПМНЕ и нивниот изборен штаб, тоа во нивна служба го направија директорите на институциите.

За една земја, која претендира да стане дел од демократското цивилизирано семејство недозволиво е на партиски прозивки, испратени директно од еден изборен штаб до онај на политичкиот противник, да одговараат директорите на овие институции. Ова е само еден непобитен доказ за нашата преполитизираност и зависност на раководниот кадар на институциите од Влдата, кои не само што имаат за задача да ги спроведуваат погубните политики, туку и мора да ги бранат со изјави – рече денеска на прес-конференција Дејан Блажески, портпарол на Сојузот за иднината од Охрид.

Ваквото однесување, односно директното вклучување во избори, без при тоа да бидат директно прозвани, зборува за нашата недораснатост како демократија и е неоспорен доказ дека го допревме политичкото дно. Долгот на ваквото однесување го плаќаат граѓаните и институциите во кои работат надлежните. Уште еднаш, се докажа неспособноста за вистински промени, немањето чувство за контекстот и времето и дека професионализмот не само што ни е слаба страна туку воопшто го немаме. Потенцирам дека оваа пресконференција не е насочена кон раководителите на овие установи, туку напротив кон однесувањето на нашиот противник – рече Блажески.

Тој на крајот уште еднаш ги повика Бакрачески, кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ на дуел со актуелниот градоначалник Александар Петрески. Го повика и носителот на листата на ВМРО_ДПМНЕ на дуел со со носителот на листата на Сојузот за иднината проф. Д-р Јован Стојаноски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Корупцијата цвета, Македонија е на ниво на Буркина Фасо и Танзанија

А1он

СДСМ: ДЕА доставила податоци до македонското и српското обвинителство за скандалот со пет тони дрога

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Со денови нема одговор како 5 тони дрога поминаа преку македонската граница, нема приведени, нема осомничени

Горан Наумовски

СДСМ: Реформи во ВМРО, наместо нови лица – стара банда

(ВИДЕО) СДСМ: Криминалецот Симе пука и го цитира Шешељ

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие на Филипче и СДС, во Собрание гласаа против „Безбеден град“, а сега велат да се казнат тие што сакаат да возат нерегистрирани возила и без возачка