СДСМ: Официјални документи отвораат нови сомнежи за продажбата на Алфа Банка  

Од:

Гувернерот Димитар Богов петти ден ги избегнува клучните одговори за скандалозната продажба на Алфа банка.
 
Дали Алфа банка се продаде таинствено и нетранспарентно на консултант во Владата на Никола Груевски?
 
Дали банката оди во рацете на консултантот до Груевски за само 1.2 милиони евра?

Ако нема што да крие гувернерот Богов досега ќе објаснеше.

 
Официјални документи покажуваат дека случајот со нетранспарентната продажба на Алфа Банка за само 1,2 милиони евра отвораат многу сомнителни аспекти.
 
Фирмата што се јавува како купувач е формирана пред само седум месеци, во октомври 2015 година, регистрирана со капитал од само 100.000 франци.
 
Каква е финансиската гаранција во овој случај?
 
Зошто се кријат крајните акционери?
 
Дали меѓу криминалниот крај на Груевски е влез во Алфа банка?

Богов е должен да излезе пред јавноста и да одговори на овие прашања.
 
Ако гувернерот Богов нешто знае, а молчи, тој ќе биде соучесник во делата на расипничката власт и соработниците, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Комични изјави на Мицкоски за кукавичко јајце – не знае како да се извади што помилуваа нарко босови

А1он

СДСМ: Наградата за животно дело за владиката Петар е скандал без преседан во режија на ДПМНЕ

А1он

СДСМ: Просечна плата над 1.000 евра, минимална од 600 евра во новиот наш мандат

Горан Наумовски

СДСМ: ДПМНЕ со рацете во медот, мора да има одговорност за скандалот со купувањето поскапи машини