СДСМ: Одвратна е злоупотребата на Груевски и педофилскиот статус на Неделковски за малолетната ќерка на Заев

Од:

„Никола Груевски нема повеќе никакво право да спомене семејни и демохристијански вредности.

Тоа што го направи Груевски синоќа, преку провладиниот портал Курир, со злоупотреба на фотографија на 14 годишната, малолетна ќерка на претседателот Зоран Заев, само за да се оправда по медиумските информации за неговите скапи очила и летувањето во Тел Авив, е одвратен потег што ги надминува границите на нормалност.

Како тоа да не беше доволно, па денеска пропагандата продолжува со згрозувачки педофилски статуси на водителот во Канал 5 телевизија, Миленко Неделковски, кај кој Никола Груевски е чест гостин.

Семејството на претседателот Заев е постојана мета на медиумската пропаганда на фрустрираниот премиер Никола Груевски и ако имаше институции во Македонија, досега тој и неговите извршители ќе одговараа за сите лаги и конструкции со коишто со месеци ја трујат јавноста.

Прекршени се етички, новинарски стандарди, злоупотребено е малолетно дете и тоа од соработници од најтесното опкружување на Груевски.

Семејството на претседателот Заев и официјално ќе ги извести сите домашни и меѓународни организации за скандалозниот случај во којшто за политички цели е инволвирана неговата малолетна ќерка, а ќе бидат преземени и соодветни правни чекори.

Се покажа дека власта на Груевски не само што поддржува туку и стимулира настраност и насилство.

Потезите со коишто кулминираат потезите на Никола Груевски покажуваат дека станува збор за давеник за сламка, кој не избира средства во голата битка за власт што ја води“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Се најавува кредит од дури 6 милијарди евра, Владата ги турка граѓаните во должничко ропство

А1он

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Цветановски: САД гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се „стратешки партнери“ со „Ноќните волци“ на Путин

Горан Наумовски

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче категоричен: Мицкоски бара алиби за предвремени избори, СДСМ нема да биде покритие за ова сценарио

Горан Наумовски