СДСМ одржа 24 маалски средби ширум земјава

Од:

По победата на парламентарните избори и формирањето на новата Влада СДСМ продолжува на терен, меѓу граѓаните, на маалски средби. Разговараме отоврено со граѓаните за нивните потреби, за напредокот на земјата, го слушаме гласот на секој човек, велат од Партијата.

Овој викенд, претставници на СДСМ одржаа 24 маалски и урбани средби во различни населени места, општини, ширум земјава.

Како што информираат од СДСМ, заменик претседателката Радмила Шекеринска се сретна со граѓаните од Битола, каде разговараше за повеќе прашања важни за граѓаните.

Потпреседателот Оливер Спасовски се сретна со граѓаните на Ѓорче Петров и со граѓаните на Средорек, потпретседателката Мила Царовска беше во посета на Драчево, општина Кисела Вода, потпретседателот Мухамед Зеќири приуствуваше на маалска средба во Шуто Оризари, додека потпретседателот Коста Петров беше се сретна со граѓаните од општина Сопиште.

На маалски средби со граѓаните учествуваа и повеќе пратеници на СДСМ, претседатели на Комисии на СДСМ и други претставници на партијата. Пратеникот Јован Митрески се сретна со граѓаните на Струга, Мартин Костовски со граѓаните на општина Ранковце, Коста Костадинов на средби во општина Василево, додека пратеничката Фаница Николова беше во посета на општина Брвеница, се наведува во соопштението на СДСМ.

Претседателот на Комисијата за здравство Венко Филипче се сретна со граѓаните на Штип, додека Јагода Шахпаска учествуваше на маалска средба во Велес. СДСМ како одговорна партија продолжува да го слуша гласот на граѓаните и да ги следи нивните потреби. Во следниот период ќе работиме уште повеќе за да биде уште подобро за сите, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да каже дали Филипче е во Дубаи и по кој основ се стекнал со златната виза

СДСМ по изјавата на Бране Петрушевски: ВМРО-ДПМНЕ донесе закон со кој се намалија казните

Спасовски: Законот за Кочани беше можност да покажеме единство, солидарност и промена на системот

СДСМ: Реформските закони за правосудство ги нема, Филков да не ги опструира работните групи

И Таравари виде дека Мицкоски ја води државата во провалија, велат од СДСМ

Катерина Ѓуровски

Бендевска: Штабовите на СДСМ се како музеи на политичка археологија – затворени, запрашени, заборавени