СДСМ: Одморот на Шекеринска не го брише одморот на Груевски и неговите очила

Од:

Медиумските курири на Груевски се уште не можат да ја смират нервозата по објавувањето на скандалот со луксузниот одмор на Никола Груевски и луксузните очила за сонце „Мајбах“ вредни илјаднци евра.

Затоа неуспешно се обидуваат да манипулираат со јавноста и лажно да обвинуваат други за некаков наводен луксуз.

Јавноста многу добро знае дека раскошот, луксузот, личното богатење, дури и со парцели на Водно вредни милиони евра се карактеристика на Никола Груевски и неговите најблиски соработници.

Одморот на семејството на заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска е далеку од луксузот.

Дополнително, огромна е разлика во тоа каде ќе летува некое семејството, коешто патем приватно, од свој џеб си плаќа за својот одмор, до луксузирањата на Никола Груевски на сметка на граѓаните на Република Македонија, порачува СДСМ после денешните конструкции во медиумите кои никогаш не ја критикуваат Владата на Груевски а добиваат десетици милиони евра од неа како надомест за рекламирање секоја година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?