СДСМ: Одлуката од Стразбур е победа на правдата, предметите продолжуваат

Од:

Со одлуката на Европскиот суд за човекови права во Стразбур кој потврди дека апликациите на седум поранешни функционери на ВМРО-ДМПНЕ се недозволени, постигната е голема победа на правдата, на правната држава и аргументите на Владата, велат од СДСМ.

„Одлуката на Судот во Стразбур е важна затоа што покрај другото, не констатира прекршување на човековите права во кривичниот прогон на членовите од некогашниот врв на ВМРО-ДПМНЕ. Незаконската аболиција на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов пропадна.

ВМРО-ДПМНЕ изгуби во Стразбур, а аргументите на државата во однос на недозволеноста на апликациите победија и се уважени. Сега, независниот судски систем има одговорност и обврска пред граѓаните и законите да ги доврши сите кривични постапки кои се во тек. Владеењето на правото и правната држава, неселективноста во постапките остануваат врвни приоритети на СДСМ во процесот на градење праведно и правично општество за сите“, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски