СДСМ: Одлуката на Апелацискиот суд е врв на нехуманиот однос кон Томислав Кежаровски

Од:

Партизираното судство, преку одлуката на Апелацискиот суд Скопје за случајот Кежаровски, направи уште една повреда на човекови права и уште еден сериозен удар врз уставно загарантираното право на слобода на изразување.
 
Одлуката на Апелацискиот суд е врв на нехуманиот, нечовечки и нецивилизиран однос кон новинарот Томислав Кежаровски, што почна со долгомесечниот притвор, продолжи со одложувањето на изрекувањето на судската пресуда, за вечерва да заврши со затворска казна.
 
Изрекувањето вакви пресуди, против новинар, посебно во услови на контроверзни докази и сведоци, нанесуваат сериозени последици врз слободата на изразување и дополнително ја влошуваат сликата за Република Македонија, којашто токму поради ова, се најде во повеќе светски извештаи, за време на владеењето на Никола Груевски, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?