„СДСМ оди во герила“

Од:

Доколку не се најде компромис со ВМРО-ДПМНЕ за пролонгирање на локалните избори, измена на Изборниот законик и предвремени избори во септември, Социјалдемократите ќе ја започнат кампањата за локални избори, но нема да промовираат кандидати за градоначалници. Здружената опозиција ќе оди низ цела Македонија, за да ги убеди гласачите да не излезат на избори, објави „Вест“.

СДСМ по изборите, според весникот, ќе премине на герилски активности, кон граѓанска непослушност, што ќе ги реализираат партиските активисти.

– Целта на нашата кампања ќе биде да се убедат граѓаните дека со неизлегувањето на локалните избори, гласале всушност против власта. Дека секое останување дома на денот на гласањето е глас против власта. Ќе излезе Никола Груевски, ќе прогласи победа без конкуренција од опозицијата, но изборите ќе имаат нула легитимитет, вели за „Вест“ потпретседателката на СДСМ Ана Павловска – Данева.

– Партиското раководство смета дека и да победи власта сама на избори, режимот и апсолутната власт набргу ќе се изронат, што е природно, додава Данева.

СДСМ пред и по локалните избори на 24 март ќе применува и неконвенционални средства, за вознемирување на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и на нејзиниот лидер Никола Груевски, најавува потпретседателката на СДСМ.

– Секој ден ќе има блокади на институции или на патишта, како и герилски мерки (на пример расклопување на столчиња на 50-на членови и активисти на опозицијата пред влез на некоја државна институција, сe додека не дојде полицијата), протести и други методи кои остануваат тајна, за да не може власта да се прави дека ништо не се случува, вели таа.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните