СДСМ: Одговорност за криминалот ќе има, зборот е збор, тоа го плаши Груевски

Од:

„Бетонот на ВМРО-ДПМНЕ се распадна.

Сите еднострани одлуки коишто ги донесоа досега сами ги погазија.

Избори на 5-ти јуни нема да има поради неисполнети услови за слободни, фер и регуларни избори. Собранието е свикано. Се покажа дека постои уставна и законска можност за тоа.

Граѓаните знаат. Дилеми нема. Едностраната одкука на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, да ја вратат старата Влада исто така сами ќе ја погазат.

Главната цел, да ги спасат криминалците во своите редови нема да им успее.

Не може да има селективно поништување на аболицијата. Аболицијата мора да биде целосно поништена. Законот мора да важи подеднакво за сите.

Одговороност за криминалот во изминатите 10 години мора да има и ќе има.

Нема спас ниту за аболицираниот Груевски ниту за неговото друштво.

Македонија ќе има предвремени регуларни, фер и демократски избори.

Зборот е збор. А тоа најмногу го плаши Никола Груевски“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?