СДСМ: Одговорните политики на Заев дадоа резултати, станавме 30. членка на НАТО, почнуваме преговори со ЕУ, иднината на државата е обезбедена

Од:

„Стратешките и одговорни политики што ги спроведе СДСМ во изминатите 2,5 години дадоа конкретни резултати. Република Северна Македонија почнува преговори со Европската унија и стана 30. членка на НАТО.

Историската грешка е исправена, почнуваме преговори, Европската комисија треба да ги спроведе подготовките, а првата меѓувладина конференција ќе се одржи најбрзо што може.

Во екот на борбата против коронавирусот, кога сите наши капацитети и мисли се насочени кон заштита на здравјето на граѓаните и кон санирање на економските последици, ова е охрабрувачка порака дека само со напорна работа, труд и државнички одлуки може да се соочиме со предизвиците“, велат од СДСМ.

„Ја ослободивме државата. Презедовме чекори и донесовме храбри одлуки за да ги решиме проблемите со соседите. Ставивме крај на расипништвото и на стравот. Ја ставивме економијата на здрави нозе. Ја внесовме земјата во НАТО. И еве сега почнуваме преговори со ЕУ.

Ваквите храбри и одлучни чекори ги преземаме и денес во борбата со опасниот вирус.

Европската унија е наш партнер, стигнува и сериозна помош за нашата земја во заедничката борба против коронавирусот. Европската Унија одвојува 66 милиони евра за Северна Македонија.

50 милиони евра од ЕУ за економско-социјалното закрепнување, 9 милиони евра за поддршка на приватниот сектор, 3 милиони евра директна буџетска поддршка, 4 милиони евра за итните наши потреби.

Благодарни сме на оваа помош и поддршка, затоа што заедно сме и посилни и секако заедно поуспешно ќе се справиме со сите предизвици.

Успеавме за само 2,5 години со мудри, државнички политики да станеме земја за пример. Иднината на земјата е обезбедена. Нема враќање назад, продолжуваме само напред. По влезот во НАТО, ја реализиравме и втората стратешка цел.

Подвигот на нашата татковина директно произлегува од тешките политики, државнички одлуки кои ги донесовме како Влада предводена од СДСМ и мнозинството пратеници во Собранието.

Без Договорот од Преспа и без Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија, без реформите и уставните измени, без Законот за јавно обвинителство немаше да биде возможен овој денешен успех.

Тоа се храбрите политички одлуки кои ги отворија вратите од чекалната во која седевме 15 години.

Иднината на Северна Македонија е обезбедена и загаранирантирана, членка на НАТО и ЕУ!

Пред нас е предизвикот да се избориме со здравствената и економска криза предизвикани од коронавирусот, а потоа целосно да се посветиме на процесот на преговори.

Заедно ќе успееме, ќе се избориме со предизвиците и ќе започнеме преговори со Европската унија, последниот чекор кон полноправно членство во најголемото европско семејство“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Мицкоски да одговори зошто со законски измени се брише одредбата за уплата на 6% во вториот столб?

Бројките се немилосрдни и ги демантираат СДС, ДЗС вчера објави дека реалната нето-плата во септември пораснала за над 5%

СДСМ: Крпен живот, кошничката се доближи до 71.000 денари – само за храна се потребни 26.000 денари

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС продолжуваат со лагите и манипулациите за Алта банка, овој пат јавната аукција сакаат да ја претстават како тајна зделка

(ВИДЕО) СДСМ со амандмани бара 2.500 денари повеќе месечно за студентски оброк и стипендии од 8.000 денари

СДСМ: 51 милион евра не се префрлени во вториот пензиски столб – кривична одговорност треба да започне од Мемов