СДСМ: Од паркот на Езерцата во Аеродром се шири непријатна миризба

Од:

Во Паркот на Езерцата во близина на салата МЗТ, е претворен во една голема бара од која се шири непријатна миризба. Наместо со чиста вода, езерцата се полни со зелена вода полна со талог, алги и догорчиња од цигари. Скапите светилки работат половично поради што паркот е речиси во темнина, велат од општинската организација на СДСМ од општина Аеродром.

– И додека градоначалникот се правда дека ваква појава со водата во езерцата е нормална за морињата и езерата, жителите на Аеродром свесно го одбегнуваат ова место. Наместо сврталиште за граѓаните, Паркот на езерата стана легло на комарци.За жал, ова е само доказ дека помпезната инвестиција од 63 милиони денари која градоначалникот Коневски ја изгради со цел да ја разубавува општината, стана место кое ја нагрдува истата. Наместо прескапо платен парк, овие средства можеа да бидат наменети за изградба на други неопходни проекти во Аеродром – велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан