СДСМ: Очигледна е спрегата помеѓу Мицкоски и криминалите на Груевски

Од:

„Спрегата помеѓу антизападниот Христијан Мицкоски и криминалите на неговиот ментор Никола Груевски излезе на површина.

Јавноста дозна како конзорциоумот во кој удел има антизападниот пион Мицкоски добил согласност за користење вода и закуп на земјиште за изградба на хидроцентрали од Владата на Груевски, во 2015 година, во време кога му бил негов советник.

Но, спрегата со криминалите на Груевски се проширува и со други членови на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ вчера не одговори дали лицето Димитар Димовски, дел од сопствениците на „Енерготек“ компанија во која удел има и Хидро Мицкоски, е истиот Димитар Димовски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ не одговори дали е тоа истиот Димитар Димовски, државен советник во Министерството за транспорт и врски и десна рака на поранешниот министер Миле Јанакиески, кој денес е обвинет во неколку судски процеси.

Од ден на ден станува се поочигледна спрегата помеѓу антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, на чело со антинардониот пион Хидро Мицкоски и носителот на криминалите, Никола Груевски.

Затоа Хидро Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ се против ЕУ и НАТО, затоа ги следат погубните политики на Никола Груевски“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче до Мицкоски: Никој тебе не те мрази, сите те презираат

А1он

Филипче од Тетово: За Мицкоски ресет на системот е да постави свои судии и обвинители

А1он

(ВИДЕО) Филипче го честиташе 11. Октомври: Аманетот од хероите на НОБ е да ја продолжиме борбата

А1он

(ВИДЕО) СДСМ за скандалот со директорот на Неврологија: Не може човек што се дрогира да се занимава со здравјето на луѓето

А1он

Филипче од Ѓорче Петров: Коки е човек од народот, направи повеќе за Ѓорче од актуелниот градоначалник на ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Каранфилова Пановска: Во центарот на програмата на СДСМ и Маја Хеско за Велес се граѓаните и нивните потреби