СДСМ: Очекуваме разумните луѓе во ВМРО-ДПМНЕ да се справат со очајните потези на Груевски

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

„Новата реформска Влада ќе го крене стандардот на граѓаните, за сите граѓани да живеат квалитетно, а не само една фамилија како досега.

Новата Влада ќе ја зголеми за 100 пати државната поддршка за домашните претпријатија и ќе овозможи реални странски инвестиции, наместо досегашните уништувачки политики во економијата.

Новата Влада ќе овозможи усогласување на пензиите со трошоците за живот, за веќе никогаш никој да не ја условува поддршката на пензионерите со партиски списоци за бања, како што тоа го правеше режимската власт.

Новата реформска Влада ќе овозможи вистинска модерна патна инфраструктура и никогаш повеќе никој не ќе може како Никола Груевски да мисли само на патчиња до свои парцели.

И ќе има нов современ Клинички центар што ќе го изгради новата Влада за граѓаните, којашто нема да ги лаже граѓаните, како досегашната несовесна власт која и на заминување само тендер спроведе, а Клинички центар 5-та година од најавата, нема.

Никола Груевски можеше да направи нешто добро за граѓаните, но тој 10 години работеше само на полнење на своите сметки во странство.

Ќе има целосна ревизија на работењето на Груевски и соработниците и одговорност за сите злоупотреби што им ги уништија животите на граѓаните.

Очекуваме разумните политичари од ВМРО-ДПМНЕ да се справат со очајните потези на Никола Груевски и како конструктивна опозиција да ги поддржат реформите што носат живот за сите во Македонија“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски