СДСМ: Очекуваме одговорните политичари во ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржат реформите во судството

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Горан Мајноловски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ќе има реизбор во судството по најдобрите европски практики и Македонија ќе биде правна држава.

Тоа како што им вети на граѓаните ќе го обезбеди новата реформска Влада.

Очекуваме чесните и одговорни политичари и пратеници во опзициската ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржат реформските процеси за европска Македонија, што подразбираат и независно судство и владеење на правото.

Нервозата на Никола Груевски и неговите соработници од крајот за сваровски судството нема да ги спречи промените што носат правда за сите“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски