СДСМ: Очај во ВМРО-ДПМНЕ од враќање на правдата, криминал не се брани со прес конференции

Од:

„Очајот што владее во ВМРО-ДПМНЕ се покажа на денешната прес конференција.

Градоначалникот на Аердором, Ивица Коневски, очајно, со прес конференција, се обидува да го брани криминалот на Владимир Талески.

Колкав е очајот во оваа партија од враќањето на правдата покажува фактот што прес конференцијата денеска ја одржа токму Ивица Коневски за кого ВМРО-ДПМНЕ овие денови спроведува теренска анкета поради сериозно срушената доверба кај граѓаните.

Врвот во ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет да разбере дека криминал не се брани со очајни прес конференции.

Со поништувањето на аболицијата од Ѓорге Иванов, се срушија последните надежи на Никола Груевски и криминалната банда во врвот на ВМРО-ДПМНЕ дека можат да се спасат од одговорност за криминалот.

Правдата во Македонија полека но сигурно излегува на виделина. 
 
Доаѓа времете кога сите што се огрешиле пред законот ќе одговараат.  

Тоа важи и за Владимир Талески кој треба веднаш да поднесе оставка.

Правдата ќе се врати. Одговороност ќе има.

Секој што го прекршил законот ќе одговара.

Нема спас за Никола Груевски и неговото криминално друштво“, велат од центарот за комуникации на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО