СДСМ: Оценката на ЕП дека Македонија е последна по медиумски слободи е уште една потврда зошто е неопходна новата Влада!

Од:

„Новата реформска Влада се обврзува дека ќе ја почитува и заштити слободата на говор, слободата на мисла и слободата на медиумите како врвни демократски вредности.

Оценка на истражувачкиот центар во Европскиот Парламент дека Македонија е последна меѓу земјите од Западен Балкан по слобода на медиуми е уште една потврда за задушените медиумски слободи од 10-годишната режимска власт во заминување на Никола Груевски.

Поради притисоците, заканите, апсењата, притворањата, затворањата новинари и медиуми, Македонија е на дното меѓу земјите од регионот и според последниот извештај на Репортери без граници, како и меѓу најлоши рангираните европски земји според последниот извештај на Фридом хаус.

Новата Влада е неопходна и затоа што граѓаните имаат право да бидат навремено информирани, со вистински, точни и прецизни информации, а тоа само професионални и слободни медиуми можат да го обезбедат.

Новата реформска Влада во соработка со медиумската заедница во Македонија ќе ги обезбеди сите потребни стандарди и услови за независно и професионално новинарство, како што доликува на една современа европска демократска држава“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

СДСМ: Потрошувачката кошница 70.000 денари, минималната плата 26.000 денари – што вели статистиката на Мицкоски?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Нови случаи на заболени во Гостивар, има и реинфекции: СДСМ обвинува дека власта пет недели нема решение

СДСМ: Пет недели гостиварци се мачат без вода, бадијала ветувањата на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да го пријави Филипче – 400 испитувања покажале неисправна вода во Гостивар, а тоа се криело