СДСМ: Обвинителството да истражи како Мицкоски добивал земјиште за хидроцентрала од Груевски кога му бил советник

Од:

„Откако јавноста ја дозна целата вистина за спрегата на антизападниот пион Христијан Мицкоски со неговиот ментор Никола Груевски и шемите за хидроцентрали, Основното јавно обвинителство треба по допрен глас да постапи и да ги истражи сомневањата за судир на интереси.

Во време кога Мицкоски му бил советник на Никола Груевски, преку фирмата „Енерготек ДОО Скопје“ во која лично тој има удел, од Владата добил 33 илјади метри квадратни земјиште за изградба на хидроцентрала.

Тоа е класичен судир на интерес.

Дополнително, Основното јавно обвинителство треба да ги истражи и основаните сомневања за друго незаконско постапување, дали има и организиран криминал?

Особено ако се има во предви дека во компанијата „Енерготек ДОО Скопје“, покрај Мицкоски сопственик е и Димитар Димовски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Димитар Димовски е познат на јавноста како соработник – лева рака на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, против кого се водат повеќе постапки пред надлежните правосудни органи.

Во времето кога оваа компанија го добила земјиштето, односно бизнисот, Димовски извршувал висока функција во Министерството за транспорт и врски а Мицкоски му бил советник на Груевски во Владата од којашто добиле земјиште.

Овие информации и документите за овој случај со Хидро Мицкоски се јавно достапни и секој може да го потврди.

Спрегата помеѓу ова антизападно раководство на ВМРО-ДПМНЕ и пионот Христијан Мицкоски со Никола Груевски е очигледна и потврдена.

Очекуваме Основното јавно обвинителство и сите други надлежни институции да постапат и за наодите да ја информираат јавноста“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче до Мицкоски: Никој тебе не те мрази, сите те презираат

А1он

Филипче од Тетово: За Мицкоски ресет на системот е да постави свои судии и обвинители

А1он

(ВИДЕО) Филипче го честиташе 11. Октомври: Аманетот од хероите на НОБ е да ја продолжиме борбата

А1он

(ВИДЕО) СДСМ за скандалот со директорот на Неврологија: Не може човек што се дрогира да се занимава со здравјето на луѓето

А1он

Филипче од Ѓорче Петров: Коки е човек од народот, направи повеќе за Ѓорче од актуелниот градоначалник на ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Каранфилова Пановска: Во центарот на програмата на СДСМ и Маја Хеско за Велес се граѓаните и нивните потреби