СДСМ: Обвинителство да ги истражи сите јавни наводи за Мицкоски поврзани со рекет и закани кон бизнисмени

Од:

„Јавното обвинителство мора по допрен глас да ги истражи јавно пласираните наводи за рекет и закани кон бизнисмени од страна на Христијан Мицкоски. Долгогодишен познат бизнисмен и актуелен градоначалник во јавноста излегоа со ставови кои укажуваат на евентуално незаконско дејствување на Мицкоски“, соопшти СДСМ.

„Бизнисмен јавно му порача на Мицкоски да престане да му се заканува, додека актуелен градоначалник на една скопска општина излезе со сличен став дека Мицкоски се заканувал кон стопанственици.

Ова, почитувани, воопшто не се наивни тврдења, особено што со последната пресуда јавноста виде за што е способна ВМРО-ДПМНЕ кога во прашање е крадењето на парите на граѓаните.

Затоа, надлежните институции, првенствено Јавното обвинителство мора да постапат, да ги истражат овие наводи и со тоа да спречат нов „Талир 2“ нов случај „Плацови на Водно“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО