А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Обвинителниот акт доаѓа директно од Никола Груевски и Сашо Мијалков

by А1он01/05/2015 - 11:3401/05/2015 - 11:3580
Share0

Одлуката на Јавното обвинителство за конструираниот случај Пуч за СДСМ не е изненадување, затоа што токму ние, со докази, аргументирано, објавивме под каква контрола на извршната власт е целокупниот систем во Република Македонија.

Добивај вести на вибер

Јавното обвинителство во период од 30 дена, почнувајки од 24 април, требаше да донесе одлука – или да поднесе обвинителен акт или да ја отфрли кривичната пријава на МВР за случајот што го контруираше.

Одлуката, Јавното обвинителство ја донесе за само 6 дена, од вкупно 30 дена што ги имаше на располагање за донесување одлука.

Тоа што вчера, јавниот обвинител, преку адвокатите побара да му бидат доставени пасошите на притворените Соња Верушевска и Бранко Палифров, за да ја замени мерката притвор со друга поолеснителна мерка на обезбедување, а сепак на крајот се донесе одлука за поднесување обвинителен акт и продолжување на притворот, само дополнително потврдува дека одлуката е донесена од Јован Илиевски, баџанак на Сашо Мијалков и Марко Зврлевски, директен извршител на власта на Никола Груевски.

Одлуката, максимално брзо да се донесе обвинителен акт доаѓа директно од Никола Груевски и Сашо Мијалков, кои се фатени во рушење на уставниот поредок и злодела врз граѓаните на Република Македонија.

Тоа што сега го очекуваме е брзо да се донесе и пресуда против лидерот на опозицијата и другите лица кои се во притвор.

Борбата за слобода и демократија продолжува.

Вистината е само една и единствена и таа ќе исплива на површина порано или подоцна, велат од СДСМ.

sdsm

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 13:11

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 12:22

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Горан Наумовски19/03/2026 - 19:36

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Катерина Ѓуровски18/03/2026 - 11:12

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски17/03/2026 - 14:0617/03/2026 - 17:20

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски17/03/2026 - 13:3017/03/2026 - 13:34
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен