СДСМ: Обвинетиот Димовски да одговори за случајот „Топлик” на СЈО и како добил државно земјиште заедно со Хидро Мицкоски

Од:

Колку е лицемерна криминалната ВМРО-ДПМНЕ покажува тоа што Димитар Димовски држи прес-конференции од белиот дворец. Димовски треба да одговори за случајот „Топлик“ кој го води СЈО и во кој токму тој е обвинет, реагира СДСМ на прес-конференцијата на Димитар Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Димовски има удел во компанијата „Енерготек ДОО Скопје“ заедно со Христијан Хидро Мицкоски. Токму фирмата во која тој и Мицкоски имаат заеднички удел, го добива бизнисот со хидроцентали од владата на Никола Груевски.

Димовски во јавноста е познат и по тоа што во времето на владата на Груевски беше десна рака на Миле Јанакиевски, против кого се водат многубројни судски процеси.

ВМРО-ДПМНЕ нема образ да зборува за правда и отчетност, тоа за нив е апстрактен поим.

Времето кога институциите беа злоупотребувани за заштита на криминалот на Груевски, фамилијата и блиски соработници, заврши со заминување на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.

СДСМ продолжува да работи во интерес на граѓаните, пред правдата се еднакви сите, секаде каде што постои законско и морално прекршување ќе следува одговорност.“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните