СДСМ: Објавен е огласот за ангажирање на 200 нови образовни асистенти за учениците со попреченост

Од:

„Владата предводена од СДСМ продолжува да вложува во грижата за лицата со попреченост. Објавен е јавен оглас за ангажирање на 200 образовни асистенти во 16 општини во државата, со што го зголемуваме бројот на асистенти во основното образование“, соопшти СДСМ.

„На овој начин, од учебната 2022/2023 година, ќе се зголеми опфатот на ученици со попреченост кои ќе добијат образовен асистент, а ќе се ангажираат и дополнителни 200 лица во образовниот систем.

Го подигнуваме степенот на инклузивност во воспитно – образовниот систем.

Ангажирањето на образовни асистенти за учениците со попреченост кои следат настава во редовните основни училишта повеќе не е грижа и не е на трошок за семејствата на учениците.

Унапредување на инклузијата, еднакви можности на децата и лицата со попреченост се врвни приоритети на Владата и парламентарното мнозинство предводени од СДСМ.

Како одговорна партија продолжуваме со реализација на мерки и политики што значат вистинска грижа за сите граѓани“, се додава во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага