СДСМ: Обезбедуваме иднина за младите дома!

Од:

Ги враќаме младите дома! Создаваме општество во кое има место за сите и младите нема да имаат потреба да се иселуваат во потрага по безбедна иднина. Воведуваме програма Гаранција за млади што обезбедува понуда за вработување, пракса, продолжување на образованието, тренинг за работа на сите млади луѓе, четири месеци по завршување на образованието, велат од СДСМ.

Најдобрите дипломирани студенти добиваат можност за работа.

Со инвестицискиот фонд за вложување во старт ап мали и средни претпријатија овозможуваме младите да отпочнат сопствен бизнис.

Според официјални податоци од Светска банка, над 600.000 граѓани ја напуштиле Македонија, од кои најголем процент млади.

Домашни статистики покажуваат загрижувачки податоци дека дури 75 проценти од младите кои живеат во земјава, ако имаат можност, би ја напуштиле државава.

Над 50 проценти од младите во Македонија, според Светска банка, се невработени.

СДСМ има Визија како да обезбеди иднина за младите дома.

Вечерва во 19:00 часот во Куманово, во МКЦ (поранешно кино Козјак) ќе се одржи дебата на тема Подобар живот за младите, на којашто Визијата на СДСМ ќе ја споделат со граѓаните, заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, претседателот на Комисијата за образование, Петар Атанасов, претседателот на СДММ, Стефан Богоев, поранешните претседатели на СДММ, Дарко Давитковски и Маринела Тушева.

Сакаме да ги слушнеме и вашите визии.

Заедно можеме да се избориме за подобар живот на младите дома!

Би можело да ве интересира

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ