СДСМ: Обезбедуваме целосна инклузија на децата со попреченост, вработување на 500 образовни асистенти

Од:

„Обезбедуваме целосна инклузија на децата со попреченост во редовна настава, градиме фер и правично општество со високо развиена свест за почитување и прифаќање на различностите. Завршија јавните огласи за вработување на 500 образовни асистенти кои од стартот на новата учебна година ќе бидат поддршка на децата по попреченост вклучени во редовната настава“, соопштува СДСМ.

„За оваа цел се издвоени 59 милиони денари, со што за првпат системски ги решаваме вработувањата на образовните асистенти.

Образовните асистенти ќе имаат 24.000 денари месечна плата и ќе бидат вработени во петте основни училишта со ресурсен центар „Златан Сремец“ и „Иднина“ од Скопје, Завод за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор, глас и други проблеми во развојот „Кочо Рацин“ од Битола, „Климент Охридски“ од Ново Село и ОУРЦ „Марија Ѓоргиева Овчарова“ од Велес.

Учебниците ќе бидат адаптирани за потребите на учениците со попреченост согласно новата Концепција за основно образование, за прво и четврто одделение, а развиен е и аудио читач кој ќе може да ги чита наставните материјали на македонски и на албански јазик.

Обезбедуваме иклузивно образование достапно за секое дете, сите лица со попреченост да имаат еднакви шанси за развој и придонес во општеството.

Како одговорна партија продолжуваме да инвестираме во иднината и да го менуваме образованието кон подобро“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците