А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Обезбедено бесплатно болничко лекување за пензионери и лица приматели на социјална помош

by А1он10/01/2019 - 09:13141
Share0

„Владата предводена од СДСМ продолжува со спроведување на зацртаните мерки што ги намалуваат трошоците и го олеснуваат животот на граѓаните.

Добивај вести на вибер

Со одговорното и домаќинско управување со финансиите, со кратењето на непродуктивните трошоци, во Буџетот ослободени се средства за обезбедување бесплатно болничко лекување за пензионерите со ниски пензии, како и бесплатни специјалистичко-консултативни и болнички здравствени услуги за лицата приматели на социјална парична помош.

Тоа значи дека од оваа година пензионерите кои имаат пензија пониска од 14.000 денари се ослободени од плаќање партиципација при болничко лекување во болнички здравствени установи.

Истовремено, корисниците на правото на социјална парична помош се ослободени од партиципација при користење на специјалистичко-консултативни и болнички здравствени услуги.

Оваа мерка ќе помогне лицата приматели на социјална помош и лицата кои добиваат пониски пензии да добиваат навремени, квалитетни и бесплатни здравствени услуги, со што ќе се намалат нивните трошоци, но и ќе се унапреди степенот на здравствена заштита.

Владата предводена од СДСМ продолжува да спроведува мерки што обезбедуваат подобри здравствени услуги за граѓаните. Крајната цел е преку чесна, одговорна и домаќинска работа да се обезбедат средства за воведување на бесплатно болничко лекување за сите граѓани, што е една од клучните мерки во Програмата“ се вели во соопштението на СДСМ.

sdsm

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Горан Наумовски19/03/2026 - 19:36

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Катерина Ѓуровски18/03/2026 - 11:12

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски17/03/2026 - 14:0617/03/2026 - 17:20

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски17/03/2026 - 13:3017/03/2026 - 13:34

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски17/03/2026 - 12:4317/03/2026 - 17:22

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Катерина Ѓуровски10/03/2026 - 13:35
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен