СДСМ: Обезбедени 527 прочистувачи за воздух за сите средни училишта во Скопје

Од:

„11 годишното игнорирање на проблемот со аерозагадувањето од страна на ВМРО ДПМНЕ, остави зад себе наталожени проблеми со загадувањето на воздухот чии последици граѓаните ги чувствуваат денес.

Наспроти тој игнорантски однос, денес владата предводена од СДСМ заедно со надлежното министерство, општините, Град Скопје и сите надлежни институции, посветен работи на решавање на проблемот со загадувањето и заштита на животната средина и здравјето на граѓаните.

Обезбедени се 527 прочистувачи за воздух коишто се поставуваат во сите училници во сите 23 средни училишта во Град Скопје. Со тоа, учениците ќе поминуваат барем една третина од денот во простории со прочистен воздух.

Значајното се зголемени средствата на буџетот за 2019 година на град Скопје за заштита на животната средина. Во наредната година од Буџетот на Град Скопје за заштита на животната средина предвидени се 186 милиони денари, што претставува зголемување за речиси една третина.

Бесплатните билети за автобуски превоз за сите ученици од средно образование, набавката на нови 40 еколошки автобуси, субвенциите за електрични и хибридни автомобили, субвенции за еколошки начини на загревање како печките на пелети, се само дел од мерките што се превземаат во борбата со загадувањето.

Преку реализација на мерките од Планот за чист воздух, Владата предводена од СДСМ заедно со надлежните институции на локално и национално ниво продолжува со акциите за поздрава животна средина кои имаат за цел да стават крај на проблемот со загадувањето“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“