СДСМ: Ново пукање во Чаир, улиците станаа небезбедни за граѓаните со ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Постојано се случуваат пукања и криминални пресметки и безбедносната состојба станува алармантно лоша. Сигурноста на граѓаните е во постојан ризик. Во последниот крвав инцидент синоќа во Чаир повредено е 31 годишно лице од огнено оружје, велат од СДСМ.

„Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува криминалците и ја претвора Македонија во Див Запад. Нема разрешници на најтешките кривични дела откако Тошковски и ВМРО-ДПМНЕ раководат со МВР, пет убиства останаа неразрешени и ова ги охрабрува пиштолџиите и бандитите. ВМРО-ДПМНЕ и Тошковски покажуваат неспособност и некадарност. Се поставува прашањето дали воопшто сакаат да го сопрат овој тренд во кој картелите ги владеат улиците, а граѓаните живеат во страв“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски