СДСМ: Новите деструктивни идеи за блокада на граѓаните од страна на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат поразени

Од:

„Откако им пропадна деструктинвата идеја за блокирање на собранието, ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе се договара како да ги блокира граѓаните и државата. Упорни да направат штета по секоја цена со цел да остварат лична и партиска корист“, соопшти СДСМ.

„Граѓаните, медиумите и сите јавни личности едногласно го осудија бојкотот на Собранието и ова делување на опозицијата но тоа не го предомислува Мицкоски да се откаже од овие погубни стратегии.

Граѓаните не смее да бидат жртви на себичноста на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ повторно ќе ги порази новите деструктивни идеи на ВМРО-ДПМНЕ и нема да дозволи нови штети врз економијата и граѓаните.

Ги повикуваме да се вразумат и да се откажат од ваквата политика на деструкции, насилство и блокади и конечно барем еднаш да застанат зад државните интереси.

Мицкоски конечно мора да собере храброст да се откаже од подаништвото кон Груевски, кој се повеќе е очигледно дека целосно ја контролира партијата.

ВМРО-ДПМНЕ за жал останува заробена партија во криминал и непроменета во однос на начините на делување и водење политики. Уште еднаш повторуваме дека избори ќе има во регуларен рок на кои овие политики на ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе бидат силно поразени“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе закон: двојно државјанство да немаат ниту министрите во Владата и да важи веднаш

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа