СДСМ: Новинарите со месеци се држат во притвор за напишан збор

Од:

„Додека функциониери на власта осомничени и обвинети за тежок криминал не се ниту во куќен притвор, во Македонија новинарите со месеци се држат во притвор за напишан збор.

Случајот со новинарот Зоран Божиновски кој повеќе од една недела штрајкува со глад а неговото здравје е влошено, потврдува дека Македонија под власта на ВМРО-ДПМНЕ и обвинетиот Никола Груевски, стана земја на затворани и репресирани новинари и на неслободни медиуми, без почитување на основните човекови права.

Власта со години на мафијашки начин се пресметува со сите свои неистомисленици, а новинарите се особено на удар за да бидат замолчени. Извештаите на сите релевантни меѓународни организации, меѓу кои на Репортери без граници и на Фридом хаус, потврдуваат дека Македонија е неслободна земја.

Го повикуваме режимот во заминување на обвинетиот Груевски да престане да ги злоупотребува државните институции и инсталациите од тефтерчето на Јанкулоска во судството за да се пресметува со сите што не мислат како него и што не одработуваат за неговата мафијашка власт.

Исто така, апелираме да се почитуваат сите законски процедури и меѓународни конвенции поврзани со човековите права во врска со Зоран Божиновски, особено што станува збор за новинар“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: САД најавуваат закон за санкции за Вучиќ во Србија, дали Мицкоски мирно спие?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Измените на Законот за странци нов доказ за вистината

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Уставниот суд да ја поништи неуставната Резолуцијата, да го заштити Уставот и слободата на говор

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Реформи и консолидација во СДС може да има само со превземање одговорност и оставка на Филипче

СДСМ: Заедно со граѓаните и со опозициските политички партии отвораме фронт за правда