СДСМ: Нови тројца кандидати за градоначалници од СДСМ, досега објавени вкупно 60 кандидатури

Од:

Ве информираме дека со одлука на Извршниот одбор на СДСМ дадена е согласност за уште три кандидатури за градоначалници за претстојните локални избори:

-Драган Атанасов, кандидат за градоначалник на општина Пробиштип

-Драгослав Симоновиќ, кандидат за градоначалник на општина Градско и

-Борче Гиевски, кандидат за градоначалник на Зелениково.

Со ова, СДСМ веќе има објавено 60 кандидати за градоначалници од СДСМ во 60 општини ширум државата.

Сите кандидати на СДСМ се чесни, одговорни и посветени луѓе, кои ќе го дадат својот максимум во интерес на граѓаните. Преку изборните програми кои се подготвуваат заедно со граѓаните, со стручни лица и експерти во различни области СДСМ ќе понуди издржани решенија за секоја општината и ќе претстави нова визија за развој на локалните заедници, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија

СДСМ: Панче Тошковски ја пушти Михаилова, сè се работи под маса откако ВМРО-ОК е на власт

Предраг Петровиќ

Серафимовска-Борозан: Мицкоски ветува просечна плата од 1.000 евра, но не прифаќа минимална од 600 евра

СДСМ: Граѓаните се соочуваат со економски проблеми, а власта се повикува на анкети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ