СДСМ: Нови сваровски судии не го спасуваат Груевски

Од:

Осомничениот Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ очајнички се обидуваат да се спасат од десетгодишниот криминал преку дополнителна партизација на судството, се вели во партиското соопштение од СДСМ.

„Има ли поголем доказ за тоа дека се преплашени од правдата и од судско гонење од тоа што во понеделник си закажаа седница на Републичиот судски совет за избор на нови 29 сваровски судии.
 
Груевски очигледно не може да сфати дека со секој нов потег само повеќе си ја открива паниката во јавноста. Џабе, Никола, судии од тефтерот, Македонија ќе биде правна и праведна држава и секој што го прекршил пред законот ќе одговоара. Нема веќе заштитени ѕверки“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски