СДСМ: Нови мерки на Владата за помали цени на храната

Од:

Продолжуваат мерките на Владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски за поддршка на граѓаните и стопанството во време на светска економска и енергетска криза. Компаниите кои произведуваат основни прехранбени производи, ќе набавуваат поевтина електрична енергија, велат од СДСМ.

Од партијата соопштуваат дека „компаниите што произведуваат основни прехранбени производи како масло за јадење, леб и пекарски производи, брашно, млеко и млечни производи, како и компании од месната и живинарската индустрија ќе плаќаат електрична енергија по цена од 80 евра за мегават час“.

„Оваа мерка на производителите на основни прехранбени производи ќе им овозможи да имаат предвидливост, стабилна и поевтина струја, што ќе влијае и врз стабилизирање на цените на финалните производи кои се произведуваат и се продаваат. Со ваква цена на електричната енергија, крајните цени за потрошувачите треба да се намалат за најмалку 10 отсто“ стои во партиското соопштение.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски