СДСМ: Нови инвестиции во здравството, за прв пат граѓаните на Сарај добиваат нова поликлиника

Од:

СДСМ континуирано инвестира во здравството, во здравјето на граѓаните. Заокружена е уште една капитална инвестиција – нова Поликлиника „Сарај“, инвестиција вредна близу 1,3 милиони евра, буџетски средства, со која се обезбедуваат современи услови за лекување и квалитетен здравствен третман. За прв пат, по 50 години, на жителите На Сарај им е обезбедена примарна здравствена заштита, во модерен поликлинички центар, се вели во соопштението од СДСМ.

„Во текот на изминатиот период беа реализирани голем број на реновирања и опремувања во здравствениот систем во државата, како новата Клиника во Козле.
Набавени се голем број на нови апаратури во клиниката за гастроентерохепатологија со комплетно реновиран нов оддел кој беше правен заедно со Амбасадата на САД, одделот ендокринологија, Клиниката за токсикологија, како и Одделот за педијатрија во Општа Болница Гостивар, но и повеќе други здравствени установи кои беа опремени со нова опрема и со комплетно реновирани објекти. СДСМ инвестира во здравството за поголем квалитет на услугите, мотивирани здравствени работници и задоволни граѓани“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема

Сопругата на Орце Ѓорѓиевски: Какви 30 илјади долари, чантата е купена на попуст од 944 денари

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Младеновска: Власта тера луксуз и тендери, а крати 3 милиони евра за болните од ретки болести

(ВИДЕО) Жерновски: Портпаролката на Владата, Митева потврди дека Мицкоски управува со судовите

СДСМ: Владата да објави кој патувал заедно со Мицкоски

Горан Наумовски