СДСМ: Новата влада составена од одговорни и отчетни кадри ќе работи посветено во реализација на мерките и политиките во наредните четири години

Од:

„Владата предводена од СДСМ е составена од одговорни, професионални отчетни личности подготвени посветено да работат на реализација на програмските определби.

Сите назначени функционери во Владата имаат обврска да ги исполнат очекувањата на сите граѓани“, велат од СДСМ.

„Министрите во Владата ќе одржуваат редовна и отворена комуникација со сите граѓани, медиуми и засегнати страни во општеството преку унапредување на каналите за комуникација, вклученост и учество, истовремено почитувајќи го Кодексот за етичко однесување на носителите на јавни функции именувани од страна на Владата.

Сите функционери да вложат максимални напори, Северна Македонија да биде земја во која граѓаните сакаат да живеат и да придонесуваат за нејзино постојано унапредување. Тоа е и суштината на мандатните писма врачени до министрите, а во кои има јасно утврден план, мисија и задачи за работа“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нема поголема минимална плата, доаѓаат „економски работници“

А1он

(ВИДЕО) Фрчкоски до ДПМНЕ: АКТ ви дише во врат, ќе ја ослободиме Македонија од вашиот криминал!

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место

СДСМ: ЕУ ја суспендирала ИПАРД 3 програмата поради корупцијата на ДПМНЕ

Горан Наумовски

СДСМ: САД најавуваат закон за санкции за Вучиќ во Србија, дали Мицкоски мирно спие?

Горан Наумовски